
Деновиве, сѐ она што се случува, според мене ја дополнува и дообликува сликата на мозаикот наречен нов светски поредок.
Буквално сѐ, почнувајќи од, ако сакате, глобалното затоплување за кое дефинитивно мислам дека е неминовност, преку „Окупацијата на Волстрит“, која во мене буди едно чувство на вознемирено исчекување, па сѐ до „локалниот“ проблем кој ме окупира долго време – оној за политичката определеност на моите некогаш најблиски пријатели (интелектуалци, анархисти, уметници, боеми), знаете, оние кои едно време викаа дека тие никогаш никако со никого нема...
Едноставно, светот каков што го знаевме вчера е мртов. Gone with the wind. Не само капитализмот (и тој, фала богу)! Не само комунизмот од 45-тата до 91-ата, не само ароганцијата на пост-комунистичките транзициски шемаџиски банди, не само светските заговори и Големиот Американски Брат, не само Европа, Грција и, ако сакате, Русија... Не се мртви само „старите“ поредоци и шеми и шемичиња и заговори и заговорчиња... мртви се и новите, оние од (буквално) вчера...само што сѐ уште не им е јасно што навистина носи (и допрва ќе носи и носи и носи) со себе новиот светски поредок. Никому не му е јасно, како и да му биде...
И мене не ми е јасно, но мирисот на неизвесноста и несигурноста ми ја полни душичката. Не дека сум луд близнак што се храни со неизвесност и обожува да живее од денес за утре (иако и тоа е неоспорно
), туку затоа што немам страв од новиот светски поредок. Немам страв од умирање на влади, држави, естаблишменти... Ниту пак од изумирање на цивилизацијата и враќањето кон природата. Напротив. Можеби најголема желба ми е да ги видам „големците“, навикнати да печалат на туѓите маки и да таложат парички во недостапни швајцарски банки – голи и боси на прагот на новото ледено доба. Прекрасна глетка
. Или пак осамени во нивните студени дворци, под опсада од Новите Слободни Луѓе на иднината. Анархистички идеи или чиста (анти?)утопистичка визија на иднината? Како што милувате.
Можеби и не се сложувате со мене. А зошто и би. Никој не сака да се откаже од идиличната слика на иднината: топол дом, згрижени дечиња, доволно пари за нивно образование, за по некое патување на (блиска) пријатна локација (моренце?), доволно за ново количе, велосипед, нов шпорет... сметки и кирии, кредити и кредитни картички. (Тотално здодевна улежана дембелска слика на денешниот капитализам).
Драги мои, иднината не е веќе така извесна. Комунизмот пропадна токму поради неверојатната предвидливост на нештата. Една работа, еден стан, една викендичка, една количка, две дечиња, двете на факултет, па двете вработени, па двете со истата работа до пензија, па секое од нив со по две внучиња... Сосема неприродна работа, каде е тука борбата за опстанок? Па нели во борбата за опстанок лежи еволуцијата?
И капитализмот, како и комунизмот, ќе пропадне од истите причини. Се улежавме, се раскомотивме, се заборавивме. Станавме малите дебели луѓе пред компјутерите. Јади, гледај ТВ, седи пред компјутер... Еволуцијата едноставно ја нема. Ако не се промени ликот на светот каков што го знаеме, ќе изумре човечкиот род. Тоа е единствената предвидлива работа, и во тоа нема сомневање.
Она што ни останува е да ги прифатиме работите и да се подготвиме (себе си и нашите деца) за неизвесноста која ја носи новиот светски поредок. Светот каков што го знаевме вчера умира, а каков ќе биде новиот свет... ќе зависи од тоа колку сме силни и способни да преживееме.
Буквално сѐ, почнувајќи од, ако сакате, глобалното затоплување за кое дефинитивно мислам дека е неминовност, преку „Окупацијата на Волстрит“, која во мене буди едно чувство на вознемирено исчекување, па сѐ до „локалниот“ проблем кој ме окупира долго време – оној за политичката определеност на моите некогаш најблиски пријатели (интелектуалци, анархисти, уметници, боеми), знаете, оние кои едно време викаа дека тие никогаш никако со никого нема...
Едноставно, светот каков што го знаевме вчера е мртов. Gone with the wind. Не само капитализмот (и тој, фала богу)! Не само комунизмот од 45-тата до 91-ата, не само ароганцијата на пост-комунистичките транзициски шемаџиски банди, не само светските заговори и Големиот Американски Брат, не само Европа, Грција и, ако сакате, Русија... Не се мртви само „старите“ поредоци и шеми и шемичиња и заговори и заговорчиња... мртви се и новите, оние од (буквално) вчера...само што сѐ уште не им е јасно што навистина носи (и допрва ќе носи и носи и носи) со себе новиот светски поредок. Никому не му е јасно, како и да му биде...
И мене не ми е јасно, но мирисот на неизвесноста и несигурноста ми ја полни душичката. Не дека сум луд близнак што се храни со неизвесност и обожува да живее од денес за утре (иако и тоа е неоспорно


Можеби и не се сложувате со мене. А зошто и би. Никој не сака да се откаже од идиличната слика на иднината: топол дом, згрижени дечиња, доволно пари за нивно образование, за по некое патување на (блиска) пријатна локација (моренце?), доволно за ново количе, велосипед, нов шпорет... сметки и кирии, кредити и кредитни картички. (Тотално здодевна улежана дембелска слика на денешниот капитализам).
Драги мои, иднината не е веќе така извесна. Комунизмот пропадна токму поради неверојатната предвидливост на нештата. Една работа, еден стан, една викендичка, една количка, две дечиња, двете на факултет, па двете вработени, па двете со истата работа до пензија, па секое од нив со по две внучиња... Сосема неприродна работа, каде е тука борбата за опстанок? Па нели во борбата за опстанок лежи еволуцијата?
И капитализмот, како и комунизмот, ќе пропадне од истите причини. Се улежавме, се раскомотивме, се заборавивме. Станавме малите дебели луѓе пред компјутерите. Јади, гледај ТВ, седи пред компјутер... Еволуцијата едноставно ја нема. Ако не се промени ликот на светот каков што го знаеме, ќе изумре човечкиот род. Тоа е единствената предвидлива работа, и во тоа нема сомневање.
Она што ни останува е да ги прифатиме работите и да се подготвиме (себе си и нашите деца) за неизвесноста која ја носи новиот светски поредок. Светот каков што го знаевме вчера умира, а каков ќе биде новиот свет... ќе зависи од тоа колку сме силни и способни да преживееме.
No comments:
Post a Comment